Во тек е пријавувањето за 14 регионална манифестација „24 часовно цртање на стрипови“ која е отворена за стрип автори од регионот, меѓу кои и македонски автори, а почна на 28 октомври и ќе трае до 9 ноември годинава.
Програмскиот координатор на Стрип центарот на Македонија-Велес, кој е македонски координатор за оваа манифестација, Томе Трајков, информира дека манифестацијата се одржува во сабота, 11 ноември 2023 година од 12 часот и ќе трае до следниот ден 12 ноември 2023 до 12 часот.
Тој појаснува дека се црта во живо од определени пунктови во градовите: Госпиќ, Херцег Нови, Љубљана, Осиек, Риека, Сплит, Загреб, а се овозможува и цртање од дома и објавување на изготвени стрип на онлајн платформата https://www.24satnocrtanjestripa.com/
Како што истакнува Трајков, од страна на негови стрип соработниците и пријатели од Хрватска била прифатена неговата иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори во оваа стрип манифестација.
Што се однесува до организацијата, таа е спонтана и нема посебен организатор. На светско ниво ја создава реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд, а во регионот авторот Дарко Мацан на Академијата во Загреб во 2010. Оваа акција низ годините бргу се проширува, вели Трајков.
Тој потенцира дека една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од светската истоветна акција, што се организира во месец октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.