Во организација на Здружението на Македонци „Македониум“ во Белград се одржува 11-та традиционалната културна манифестација „Денови на македонската култура „Допирот на Македонија“, која ќе трае од 23 мај до 31 мај, јави дописиникот на МИА од Белград.

Во рамки на манифестацијата предвидена е богата, повеќедневна програма, а љубителите на македонската култура и традиција во Белград ќе имаат можност да се запознаат и уживаат во различни културни содржини.

Манифестацијата, синоќа, во Педагошкиот музеј ја отвори в.д. амбасадорката во Белград, Михаела Веселинов, се концерт на дуото „Етно лирикс“ во состав Јелена Алексиќ -сопран и Магдица Манасиева-пијано, со репертоар сочинет од традиционални македонски песни споени во уникатен аранжман на класична музика, џез и фолклор, што е нов модерен пристап македонската народна уметност на композиторот Саша Ливрински, кој присуствуваше на концертот.

На 24 Мај во Конакот на кнегиња Љубица свечено ќе биде отворена изложба на слики „Македонска азбука“ на Сергеј Андреевски. Тоа е циклус кој содржи 31 слика за секоја буква на македонската азбука, посветена на великанот на македонски јазик Блаже Конески, а по повод одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање, со цел запознавање на јавноста со значењето на македонското кирилично писмо и јазикот.

Како што највија организаторите на манифестацијата, на 25 мај во Конакот на кнегиња Љубица ќе се одржи промоција на книгата „Невино време“ на Иван Иванов, а на 26 мај проекција на документарниот филм „Манаки-проекција во слики“ во режија на Роберт Јанкуловски.

На 27 во Педагошки музеј ќе се одржи промоција на книгата „Воз на животот“ на Соња Коневска Жугиќ, а утредента концерт ќе има оперската пејачка Биљана Камчева од Скопје.

Програмата се затвора на 31 мај, со гостување на театарот „Провокација“ од Скопје со популарната романтична комедија „Разведи ме“ во режиија на Роберт Ристов.

Целта на манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“ е негување на пријателските и нераскинливи врски на двете земји или како што посочија Македонците во Белград, целта е „таа да биде мост меѓу нашите две татковини, односно во онаа во која живеема да и дадеме културна содржината од онаа од која потекнуваме“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.