Во организација на Завод и Музеј Струмица, Завод и Музеј Штип и Археолошкиот музеј во Скопје денеска беше отворена изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион”.

Како што соопшти Археолошкиот музеј, на изложбата се претставени дел од археолошки предмети кои потекнуваат од неолитот, енеолитот, бронзеното и железното време – крајот на седмиот милениум п.н.е. до средината на првиот милениум п.н.е.

Изложените предмети се од локалитетите Орниче во село Костурино, Канли Чаир во село Дамјан, Страната и Чаушов Камен во село Ангелци, Бојковци и Тополничка Река село Дамјан, Голема Трпеза во село Старо Коњарево, Цареви Кули во Струмица, Чешмеџик во Радовиш, Манастир во село Габревци, Падарница во секо Водоча, Штучка Река во село Штука и Скоруш Чешма во село Костурино.

Изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион” е отворена за посетители до крајот на април.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.