Во Офицерски дом во Битола, во Кристалната сала, свечено беше отворена изложбата со наслов „Колку прекрасно!“  на Мирослав Масин, од колекцијата на фамилија Филевски. 

На отворањето на изложбата на присутните им се одбрати директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска, која нагласи дека посебно и и е мило што оваа установа првата соработка ја воспостави со ликовната колонија “Де Ниро“ и дека посебно се радува, а тоа е и на радост на сите љубители на уметноста во Битола, дека приватната колекција на семејството Филевски е изложена тука во Офицерски дом.

По повод оваа изложба Марјан Ѓоргиевски направил кус филм посветен на пријателството на Драган и Миро, кој беше прикажан пред присутните.

Изложбата ја отвори Мишко Барзов, кој рече:

-Ние тројцата, јас, Миро и Драган се дружиме одамна, искрено и пријателски, а ова што го видовте на краткиот филм е само уште една уметничка слобода. Сите тројца сме љубители на храна, големи љубители на животот, а не спои Мирослав Масин, во искрено пријателство кое трае дваесетина години. Јас сум многу среќен што вечерва сум тука со вас, бидејќи семејството Филевски се големи колекционери на ликовна уметност и се осмелија конечно да покажат дел од својата богата колекција. Ништо не е вредно да се поседува ако нема со кого да се сподели, а тие токму тоа го направија. Многу му благодарам на Филевски, на Драги и Силвана, на Марио и Матео, бидејќи ги споделија овие 25 прекрасни дела на маестрото Масин за кој не треба многу да се зборува, бидејќи делата сами зборуваат.

Мирослав Масин, рече дека се радува што е во Битола и додаде:

-Ви благодарам драги битолчанки и битолчани, јас сум голем фан на Битола, а дури можам и да зборувам битолски. Тука имам служено војска, тука е докторката од Битола, и драго ми што см ваш гостин и вие мои гости.

На крај на отворањето Драги Филевски во име на семејството им се заблагодари на сите присутни и ги покани да уживаат во изложбата и во музиката на “Пијан славеј“.

извор: Битолањуз



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.