ПРОСПЕР (ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии) е меѓународен проект ко – финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија во кој учествуваат 5 партнерски организации: ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија), Ојун (Германија), Перипетија Продукција и ЛДА Струга (Република Македонија).

ПРОСПЕР има за цел: зајакнување на меѓународната културна соработка и методологиите за интегрирање на еколошките прашања во уметничките практики, градење на посилна врска помеѓу уметноста и туризмот, развој на нова локална публика и зајакнување на видливоста на европските уметници. Во рамките на целиот проект ќе бидат реализирани: резиденции, фестивали, ко – продукции, изложби, публикации, работилници, обуки и презентации.

Од 1.4.2024 до 30.4.2024 е планирана меѓународна резиденција во Охрид чиј приоритет е истражување на еколошките предизвици со кои се соочуваат Охридското Езеро и населените места во негова близина. За таа цел покануваме: уметниците, дизајнерите, истражувачите и културни работници да се пријават за учество. Рокот за пријавување е 6.11.2023.

Фокусот на резиденцијата е Охридското Езеро, како светско историско и природно наследство, односно еколошките предизвици со кои се соочува тоа поради неодржливите практики во туризмот. Главната цел на програмата е да ги инспирира учесниците да најдат врски помеѓу својата пракса, фрагилната средина во која ќе работат и луѓето кои живеат таму.

Учесниците ќе имаат можност низ креативна работа да ги преточат во уметнички дела инспирациите и размислувањата поврзани со Охридското Езеро преку соработка со локални уметници. Резиденцијата ќе биде со времетраење од 30 дена, со група од 8 учесници. Програмата завршува со заеднички еднодневен фестивал каде партиципиентите ќе имаат можност да го прикажуваат својот креативен труд развиен во текот на истата.

Повеќе информации и линк за пријавување може да се најдат на следната веб страница: https://mk.peripetija.com/prosper

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.