Отворањето на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ поради временските услови се одложува за утре, 11 септември 2024 година, соопшти денеска Општина Аеродром.

Стендап-настапот на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски се одложува за утре со почеток од 19:00 часот, по што ќе настапи Импров група, како што првично беше предвидено.

Следните настапи ќе се одржат според објавениот репертоар во паркот „Авионче“, а сите претстави почнуваат во 20:00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.