Утревечер во Галеријата 2 при Младинскиот културен центар во 20.00 часот ќе биде отворена самостојната изложба на уметничката Бурџу Мусли со наслов „Опсидијан”.

Бурџу Мусли е родена на 27.8.1997 во Скопје, дипломирана сликарка на Факултетот за ликовна уметност. Покрај сликањето, се занимава со дигитална уметност, фоторафија и создава арт-колажи. Има учествувано на голем број групни изложби со нејзините слики и дигитални дела со досега реализираи три самостојни изложби – Purgatory (2020 година во МКЦ Скопје), „Млади за Скопје” (2021 година во Старата чаршија во Скопје) и третата во „КСП Центар-Јадро” во 2022 година.

Уметноста на Бурџу е забавна, шарена, со доза на меланхолија и мистериозност.

Бурџу на оваа изложба ќе изложи фотографии и дигитални колажи. Уметничката, оваа изложба ја доживува како скапоцениот камен – опсидијан, кој е со сета моќ на космосот и кој го подарува на сите жени што се “заробени” и имаат потреба од силата на овој камен. Опсидијан е камен со вулканско потекло тесно поврзан со енергијата на правдата. Каменот го нарекуваат “спасител”. Ги штити своите сопственици од темни магични влијанија, лоша љубов, како и од грешни мисли и дела. Опсидијан го раствора гневот и носи голема витална сила. Овозможува да се регулираат механизмите на расудување кон другите, како и кон себе. Тоа овозможува да се пробуди темниот дел од битието, но исто така и светлиот дел. Рамнотежа помеѓу двата дела, без да се суди едниот во однос на другиот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.