Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест“, oрганизираат ексклузивно гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024.

Во текот на изминатите триесетина години, Мурад Мерзуки вистински придонесе
кон развојот на хип-хопот и го зацврсти местотот на овој танц во светот на современата
кореографија.
Низ бокс, циркуски точки, класична музика и воздушни танци, патувајќи од една
креација кон друга, публиката е принесена во нов универзум, кој сам по себе е единствен,
поетски и визуелен.
Секоја танцова точка е производ на навидум неочекувани танцови средби. Секој на
свој начин се движи по патеките, ги заобиколува клишеата, ги надминува естетските
граници и ги открива новите перспективни на хип-хопот.
Во 2022 година, откако го завршува мандатот на раководител на Националниот
кореографски центар во Кретеј и Вал-де-Марн, Мерзуки предлага танцов приказ на
неговата уметничка кариера, поканувајќи триесетина танчери од групата „Кафиг“ за да
изведат извадоци од неговите танцови претстави, кои на ваков начин слеани во едно дело,
и кои за првпат ќе бидат изведени на сцена. Насловот на ова дело е „Мозаик“.
Уметничкиот преплет, насловен „Мозаик“, во суштина ги содржи најдобрите точки
од неговиот репертоар, а во истиот Мерзуки се појавува како како содавач-алхемичар.

Всушност, тој поведен од желбата ште повеќе да ѝ се доближи на публиката, го овој
единствен танчерски перформанс. Со петмина изведувачи на сцена, ова кореографско
„универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се прилагоди на било каков тип на сцена, како
на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории кои не се исклучително
танцови сали.
По огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во Скопје во 2017 година,
Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ / „Käfig“ се враќаат во Скопје со „Мозаик“. Од „Кафиг“
(1996) па се до „Бојата на калинката“ (2024), Мурад Мерзуки ве поканува да ги (до)живеете
најважните моменти од неговиот танцов репертоар, кои воодушевија неколку генерации и
останаа верни фанови на неговата уметност

На настанот ќе се обратат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и г-ѓа Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест“.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години. 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.