Во Галерија „Остен“ во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „СЕЛЕКТИРАНИ – дел 3“ каде ќе бидат претставени делата на дел од селектираните уметници на „Остен“ Биенале Скопје 2024.

Посетителите ќе имаат можност да видат дела од уметници од неколку држави – од Словачка, Мирослав Брос, Ева Хнатова, Милан Хнат, Анабела Сладек, Мартин Шевович, од Словенија Наташа Грегорич Набхас, од Јужна Кореа Ваи Ли, од Турција Бенал Дикмен, и од Обединетото Кралство, Мајкл Џ. Дјук.

Специјални гости пријатели на „Остен“ ќе бидат Цветка Хојник и Билјана Јевтиќ.

Сите изложени дела се дел од колекцијата на „Остен“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.