Вечерва, воо 20 часот, во Галерија 2 во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде отворена изложбата „Нова перспектива/„Трансформер“ Продукција“ на уметниците Елизабета Тошевска и Анета Стојчевска.
„Нова перспектива /„Трансформер“ продукција” – е замислен како заеднички проект на ликовните уметници Елизабета Тошевска и Анета Стојчевска, во кој, секоја со свој уметнички израз и визуелна перцепција на уметничкото дело – скулптура, претставува нови поинакви трансформирани видувања на мотиви/форми/принципи користени низ историјата на уметноста.
Елизабета Тошевска ја истражува женската фигура и воопшто жената низ времето и не запознава со внатрешното длабокото – јас. Таа, преку делата ни прикажува интимен разговор со себе но во истовреме го провоцира и поттикнува набљудувачот на размислување за времето што непрекинато изминува покрај нас и како неосетно остава траги на нашата личност.
Анета Стојчевска инспирана од ликовната уметница Рејчел Вајтрихт и нејзиниот принцип со користење на негативи, израборува макети од огледала на нов проектиран простор-просторија, истите ги умножува со мала видлива разлика во нивните големини, доближувајќи ги до производ од сериско производство.
Покрај заедничкиот наслов дополнително е замислено користење на одделни наслови и поднаслови аплицирани – испишани кај фотографиите од скулптурите на Тошевска и кај скиците плановите на Стојчевска, поставени во простор визуелно физички одделен од просторот во кој би биле поставени: скулптурите и 3Д макетите од огледала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.