Во пресрет на 96. доделување на филмските награди „Оскар“, во Националната опера и балет вечерва, на 28 февруари во 20 часот ќе се одржи првата Оскаровска гала вечер. Најубавите филмски песни наградени со „Оскар“ ќе бидат изведени од врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар.
Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев. Водителка ќе биде Миланка Рашиќ. Настанот ќе започне со црвен тепих во 19.30 часот.
Дел од учесниците кои ќе настапат на сцената на Националната опера и балет се Весна Ѓиновска-Илкова, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Маја Гроздановска Панчева, Ана Петановска, Ана Мицковска, Тамара Раѓеновиќ (Црна Гора / Англија), Игор Дурловски, Горан Наумовски, Даниел Данн, Христијан Тоневски, Денис Димоски.
Балетска солистичка двојка е од Национална опера и балет Ендру Кук (Англија) и Саша Евтимова.
Танцова двојка од ТСК Ритам плус се Андреј Димоски и Ангела Спировска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.