Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта во четири чина „Боеми“ од Џакомо Пучини, приказна за животот на љубовниците Родолфо и Мими, чие либрето се базира на „Сцени од животот на боемите”од Хенри Мургер.
Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај сиромаштија и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев) живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски, соопшти НОБ.
Режисер на претставата е Дејан Прошев, диригент Бисера Чадловска, сценограф Зоран Николовски, костимограф Марија Пупучевска, концерт-мајстор Верица Ламбевска, хор-мајстор – Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.
Ќе настапи домашна солистичка екипа: Ѓорѓи Цуцковски, Благица Поп Томова, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Биљана Јосифов, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Тихомир Јакимовски, Диме Петров, во придружба на хорот и оркестарот на Национална опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.