По повод 8-ми Декември – Св. Климент Охридски – Патрон на градот, општина Охрид распиша награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба.

Темата е Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски. Ќе бидат доделени три први награди во три различни категории:

I За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
II За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);
III За ученици во средно образование (од прва до четврта година).

Износот на наградата за првата категорија е 2.000 денари, за втората 3.000, а за третата 4.000 денари.

Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири-комисија, формирана од градоначалникот на општина Охрид. Право на учество имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општината.

Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, треба да се испратат најдоцна до 30-ти ноември на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр. 57 (со назнака: За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира). Авторството се докажува со четвртиот примерок.

Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.