Почнувајќи од денеска, 11 март, секој петок и сабота Младински културен центар (МКЦ) ќе организира отворени предавања во Планетариум. Предавањата ќе се одржуваат во два термини и во петоците и во саботите, а ќе предаваат Моника Пешевска и Радан Митровиќ.
Од 18 часот се предавањата за најмладите вљубеници во небото и небесните тела и феномени за деца од пет до 10 години. Од 20 часот се предавањата за останатата публика.
Билетите може да се купат на билетарницата во МКЦ по цена од 150 денари.
Планетариумот е во состав на МКЦ и неговиот влез е од страната на реката Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.