Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи во периодот од 29 мај до 1 јуни на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина”), во градската библиотека „Браќа Миладиновци” ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква”.

Ќе гостуваат поети од Норвешка, од Ирска, од Словенија, од Грција, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети! Официјалното отворање е закажано за 30 мај во 20:00 часот во МКЦ со настанот наречен „Борба. Не војна!”

Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, ликовна изложба, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе се одржи мастерклас или работилница за снимање поетски филмови, а ќе се одржи и јога-час и поетско читање во природа за гостите од странство.

Годинешното издание на фестивалот го овозможи Министерството за култура, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци” ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa”, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Хотел „Цара 1928”. Медиумски покровител е МИА, а медиумски партнери се Радио МОФ, Кајгана, Умно и Култура Бета.

Во продожение може да се проследи програмата на Скопски поетски фестивал 2024:

Преднастани

29.5.2024 Кафе-книжарница „Буква”

20:00 „Отскочна даска” – поетско читање на млади поети на возраст од 16 до 25 години.

Учесници: Андреј Анѓеловиќ, Надица Банишка, Сања Василева, Душко Двојаковски, Вероника Димоска, Сара Ѓорѓијоска, Селин Есад, Моника Ивановска, Анамарија Јанкова, Јане Моневски, Милена Неделковска, Мила Поповска, Дарио Постоловски, Стефан Спасовски и Карла Шкрлец (Хрватска).

30.5.2024 Младински културен центар ‒ Скопје (бифе МКЦ)

18:30 „Диптих” #3 ‒ Поетско читање и разговор со авторите Танос Гогос („Глазгов”) и Џејмс О’Лери („Сакрамент за болните”), модериран од Јулијана Величковска.

Официјална програма:

30.5.2024 Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина”)

20:00 Официјално отворање: „Борба. Не војна! ”

• „Сонцето денес не изгреа”: театарски танцов перформанс на Енџи Николоска и Бојан Лазаров по мотиви од поезијата на учесниците.

• Ликовна изложба на Тома Димовски („Redemption Song”, акрил на платно + видео)

• Поетско читање

Учесници: Одвеиг Кливе (Норвешка), Марко Погачар (Хрватска), Танос Гогос (Грција), Вероника Динтињана (Словенија), Џејмс О’Лери (Ирска), Данило Лучиќ (Србија), Катица Ќулавкова, Славе Ѓорѓо Димоски, Викторија Ангеловска, Ивана Јовановска, Владимир Лукаш, Ива Петреска, Саранда Мехмеди, Наим Иљази, Александра Спасеска и избраниот млад поет/поетеса на Отскочна даска

31.5.2024

Градска библиотека „Браќа Миладиновци”, Скопје

11:00 ― 12:00 Мастерклас: Работилница за поетски филмови наменета за млади, што ќе ја одржат Одвеиг Кливе од Норвешка и Џејмс О’Лери од Ирска.

Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина”)

18:30 Проекција на поетски филмови [„Страв од тоа што би го напишал” (02:42), „Меко” (00:44), „Диносаурус на Инчидони” (01:30), „Мислев дека сум понезаборавен, како плажа на полноќ” (02:08) и „Неповратното” (01:40) од Џејмс О’Лери (Ирска), и „Геопоетикон” и „На 19-от ден од војната/Ти се тресе раката, Владимир?” (24:38) од Одвеиг Кливе (Норвешка)]

20:00 Интернационално поетско читање

Учесници: Одвеиг Кливе (Норвешка), Марко Погачар (Хрватска), Танос Гогос (Грција), Вероника Динтињана (Словенија), Џејмс О’Лери (Ирска), Данило Лучиќ (Србија) и Катица Ќулавкова (Македонија).

1.6.2024
• Поетско читање во природа и јога-час со Љубица Митревска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.