Министерството за култура го објави конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“ во 2022 година и конкурсот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ во 2022 година.

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.

Конкурсот трае од 1 до 31 октомври.

Државната награда се врачува во Собранието на Македонија на 21 декември – денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин. Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за првпат е доделена во 1969 година.

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.

Државната награда се врачува во Собранието на 10 декември – Меѓународен ден на човековите права. Државната награда за прв пат е доделена во 2021 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.