Министерството за култура, како надлежно за организирање на постапката и за доделување на државните награди, го објави конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Државната награда, под условите определени во Конкурсов, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.
На награден поединец му се доделува диплома и паричен износ.
На секој член на наградената група творци или екипа му се доделува диплома и еднаков дел од паричниот износ.
На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.
Паричниот износ на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ изнесува пет (5) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.
Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се доделува, по правило, секоја година.
Во една година може да се доделат најмногу две (2) награди.
Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.
Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци и докази, точна адреса на живеење (улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци за кои се смета дека ќе придонесат во оценувањето.
Подносителот на иницијативата мора да ги наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.
Текстот на иницијативата (комплетиран) треба да се достави во 15 примероци, а трудовите (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават најмалку во еден (1) примерок.
Адресата на којашто треба да се достават иницијативите е:
Министерство за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ , ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје, Република Македонија.
Конкурсот трае од 8 до 22 ноември 2023 година.
Иницијативите и прилозите (книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием, како и некомплетните иницијативи, нема да бидат разгледани од страна на Одборот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.