Вечерва во 18 часот во Филхармонија ќе се одржи новогодишниот концерт за деца. Насловен „Дедо Мраз околу светот со Џуџе и Џиџе Џуџевски“, со концертот ќе диригира Џијан Емин, а аниматор е Мартин Јордановски.

Македонската филхармонија ве води на новогодишно патување околу светот со помошниците на Дедо Мраз, Џиџе Џуџевски и Џуџе Џуџевски, кои од Лапонија ќе допатуваат во Македонија. Оркестарот ќе ве поведе на музичко патување околу светот со делата на: Штраус, Хачатуријан, Копланд, Бизе, Чајковски… Ваша задача е да им помогнете на Џиџе и Џуџе да ја исполнат задачата која им ја постави Дедо Мраз – да однесат подароци на дечињата од целиот свет, велат од Филхармонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.