Од денеска, во Библиотеката на МСУ-Скопје може да се најде новата монографска публикација на Рома Џем Сешн Уметнички колектив (Roma Jam Session art Kollektiv (RJSaK) насловена “Morphing the Roma Label”.

Roma Jam Session art Kollektiv (RJSaK) е уметнички и активистички колектив основан во 2013 година во Цирих и е првиот уметнички колектив во Швајцарија кој ги посветува своите активности на создавање нови слики за Ромите. Групата работи трансдисциплинарно во соработка со експерти од повеќе области како уметност, глума, музика, кореографија, дизајн и теорија. Во монографската публикација се претставени проектите на колективот, а издадена е во септември 2022 година од OnCurating.org.
„Morphing The Roma Label“ е публикација која ја документира десетгодишната соработка помеѓу членовите на колективот и нивните соработници, во форма на асемблаж што сам по себе стана уметнички проект низ кој што тие ја реевалуираат и рефлектираат својата уметничка практика, а во исто време претставува и естетско искуство, кое е динамично перформативно.
Книгата неодамна беше промовирана од членовите на колективот за време на отворањето на изложбата „Сѐ што ни е заедничко“ во Музејот на современата уметност – Скопје.
Изразуваме благодарност до авторите и членови на колективот Мустафа Асан, Мо Диенер и Милена Петровиќ, за ова значајно збогатување на Библиотеката на МСУ-Скопје, и наедно ве покануваме во Музејот да ги видите нивните дела изложени во рамки на изложбата „Сѐ што ни е заедничко“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.