„Море на тишината“ во режија на Оља Лозица и по текст на Романо Николиќ и Оља Лозица, е новата премиера на Битолскиот театар која љубителите на театарската уметност ќе можат да ја проследат вечерва (1 август) во 20 часот.

“Следнава приказна ја има несреќата да биде едноставно вистинита (има една мана – вистинска е). Но, за да биде вистинита, на начинот на којшто главната хероина на оваа приказна сонува-оваа приказна мора да биде прераскажана на хрватски, српски, македонски, албански, романски, бугарски, турски, грчки….всушност, на мешавина од сите овие и други јазици, заедно. Тогаш, според логиката на судбоносното патување, на крајот од оваа изведба (претстава), наеднаш во главите на сите присутни слушатели, поточно гледачи, во главите ќе им светнат фактите од кои започна сѐ…Се роди девојче!“, стои во кратката најава на претставата.

Композитор на музиката е Матко Ботиќ, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимограф е Андреј Ѓорѓиевски…

Во претставата играат Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Катерина Аневска – Дранговска, Марија Стефановска, Сандра Грибовска – Илиевска, Петар Спировски, Александар Димитровски, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски и Никола Стефанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.