Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА во партнерство со неколку организации и театри за Импровизациски театар од Словачка, Полска, Унгарија и Чешка го спроведува проектот и турнеите В4Импров Конект со фокус на импровизациски театар. Македонски учесник во проектот е извонредниот актер Здравко Стојмиров.
Проектот е поддржан од Вишеград Фондот за култура и меѓународна соработка.
Координатор / иницијатор и партнери на проектот се: ISAC – International Society for Arts and Culture, Teatr Wschodni / The Eastern Theater-Lublin, Macedonian Center of the International Theatre Institute (ITI)/PRODUKCIJA, Funnylicious Theater-Bratislava, Czech National Improvisation Theater, Itt és Most Társulat’s.
Во месец април 2024 г. во Братислава, Словачка се случија подготовки на претставата според Мајснер методата за импровизациски театар спроведена од менторот Keith Farquhar од Велика Британија, и првиот јавен настап со новата претстава на 13 април 2024.
Во месец мај 2024 започнува Импров Конект турнејата во градот Прага (11 мај) под наслов Булевар и Импровизациска терапија, а продолжува – поточно следат турнеите во Лублин, Полска; Будимпешта, Унгарија; и Скопје, Р. Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.