Дваесет и две слики на истакнати бугарски уметници кои се изложени во Бугарскиот културно-информативен центар ја разоткриваат моќта на уметноста во креирањето дијалог. Колекцијата на Државниот институт за култура на Министерството за надворешни работи во Бугарија брои над 3.000 експонати уметнички слики, графика и скулптури. Само во зградата на министерството во Софија има 600 дела, додека останатите се изложени во бугарските мисии во светот. За Артамонцев, кој е воедно и куратор на изложбата уметноста е онаа која гради мостови и нејзините патеки, се сосема различни во споредба со оние на политиката.
-Не треба да има спротивставување меѓу народите. Тоа што веќе започна на Балканот, тоа од интелектуалците за кое што зборував, средбите на писателите и тие што се трудиме да ги направиме ние од ликовната уметност, тие вродуваат со плод. Не треба да избрзуваме бидејќи тоа се бавни процеси. Ние трчаме на полето на културата, додека патеката на политичарите е различна патека која ние не ја разбираме. Јас се интересирам само до тој степен, имајќи предвид дека работам во Министерството за надворешни работи, во овој Културен институт, мене треба да ми е јасно што се случува, и за нашите колеги, но не може да се генерализираат работите. Ние сме луѓе, луѓето се еднакви, ние одлично се разбираме, изјави Михаил Артамонцев, куратор на изложбата.
Во 2022 година делата од поставката „Дипломатија и уметност“ беа претставени во Националниот музеј на Црна гора во Цетиње и во Музејот на литература и изведувачки уметности во Сараево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.