„Нема да биде крај на светот“, копродукциската претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево вечерва ќе биде дел од Интернационалните театарски средби Брчко Дистрикт во БиХ, насловени под слоганот „Болест на Општеството“.
Во официјалната фестивалска програма кој почна на 2, а ќе заврши на 28 октомври, покрај нашата театарска куќа, опфатени се и театри од регионот, меѓу кои Сатирично казалиште „Керемпух“ и Градско драмско казалиште „Гавела“ во Загреб во Хрватска, Црногорско народно позориште и Центарот за култура во Тиват во Црна Гора, Босанско народно позориште, Зеница во БиХ, Ателје 212, Белград и Српско народно позориште, Нови Сад во Србија и други.
Како што соопштија од тимот на МНТ, театарските средби во Брчко се основани пред 49 години, а во својата речиси половина век долга традиција, средбите ги променија правилата и предлозите за организација, продукција, структурата на оценувањето и наградувањето на претставите и поединците, како и начинот на селекција и избор на изведби.
Според селекторот, проф. Владо Керошевиќ, од оваа година тоа се „Интернационални театарски средби“, на кои можат да учествуваат сите театри од БиХ и од странство, со квалитетни претстави без разлика на јазикот на кој е напишан или изведен драмскиот текст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.