„ВИЗИИ-Глава полна со луѓе” е изложбата со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов која е отворена во ликовната галерија од ЦК” Марко Цепенков” Прилеп.
Претставени се досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати.
Изложбата ја отвори кураторот Јасминка Намичева.
-Анастасов успева да извади од својата меморија луѓе кои биле дел од неговиот живот.Суштината на ифејата е дека животот е минлива работа и дека човекот секогаш е прилагодлив на ситуациите и дека тоа остава трага врз сите нас – рече Намичева.
Изложбата, ЦК „Марко Цепенков” ја реализира во соработка со неформалната мрежа на музеи Музеум Линк.
Големиот уметник Родољуб Анастасов, еден е од најважните во современата македонска уметност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.