Во саботата, на овогодинешниот музички фестивал Земјотрес, неформалното движење Сите за МКЦ повторно го изрази својот револт. Преку герила акција, движењето се спротистави на енормното кратење на програмскиот буџет на МКЦ за 84 отсто во споредба со претходната година, како и на нерегуларното назначување на новиот в.д. директор.

За време на настапот на Дина Јашари, нашето движење пушти големо платно со порака „Видете нѐ колку нѐ има. Сите за МКЦ” која беше еуфорично прифатена од присутните. Платното го држеа над себе десетици луѓе, додека Дина Јашари ја изведуваше песната „Дома“ адаптирана со текст „Мојот дом е таму каде што е МКЦ“. По акцијата, платното беше оставено во главниот ходник каде остана до крајот на вечерта. За време на фестивалот исто така се делеа беџови и стикери со илустрација од Малиот Принц и QR код до онлајн петицијата на Сите за МКЦ преку препорачани донации, велат од „Сите за МКЦ“.

Дополнително како дел од нашата акција, голем дел од артистите и бендовите свиреа пред видео-бимови со пораки како „Ова е нашето МКЦ“, “МКЦ е нашиот дом, вчера, денес и утре”, „Земјотрес за МКЦ“ и варијација на последната порака со имињата на бендовите кои изразија поддршка за акцијата.

фото: Сите за МКЦ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.