Во рамките на неодамна потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Србија, Албанија и Македонија – Open Balkan Theatre, кој е во насока на посилно поврзување на најважните национални културни институции, на 21 декември со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет, ќе гостува Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ.

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Леонид Лавровски според Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа. Кореографска реализација: Катарина Обрадовиќ , костимографијата е на Божана Јовановиќ, а сценографијата на Борис Максимовиќ, концерт-мајстор: Климент Тодороски.

Во насловната улога ќе настапи Бојана Жегарац Кнежевиќ, во улогата на Алберт ќе настапи Хозе Иглесиас, а во улогата на Хиларион ќе настапи Никола Бјанко.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Народниот театар од Белград во придружба на
Оркестарот на Националната опера и балет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.