Со претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, Народен театар Охрид ја започнува новата сезона. Претставата ќе биде изведена во сабота на 18 февруари со почеток во 20.00 часот.

Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.

Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, како и да се резервираат на боревите 046/261-063 и 075/283-066.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.