Ансамблот на Народниот театар од Битола, денес, годишнината од основањето ќе ја одбележи со музичко-сценски перформанс, насловен “За нашиот театар“, кој ќе биде изведен на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“.
Битолскиот театар како најстар театар во земјава годинава слави 78 години од првиот македонски збор изговорен на театарските штици. На 14 ноември 1944 година е изведена едночинката на Владо Малевски “Ѓоре Магаревски“ во режија на Димче Стефановски.
Денешниот роденден, 78 години непрекината дејност се навистина голема бројка и по тој повод НТБ денес ќе има целодневно чествување.
Одбележувањето ќе започне во 9.30 часотк кога најмладите гледачи ќе го проследат едукативно театарскиот пeрформанс “Зошто го сакам театарот“. Во 19 часот ќе биде отворена изложбата на театарски портрети од ликовниот уметник Кирил Геговски, а во 20 часот за сите вас го приготвивме колажот “За нашиот театар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.