Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, на Македонскиот народен театар гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора. „Народен непријател„ ќе биде изведена вечерва во 21 часот во рамките на 37. издание на фестивалот „Град театар“ во Будва.

Второто гостување е задутре, во 21.30 часот на 18. Меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ во Тиват. Покрај нашата претстава, во натпреварувачката програма се уште 8 претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

Во „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.