Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ на 9 октомври го отвора 7. Интернационален театарски фестивал „Отело“ во Гостивар.
Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.
Ден потоа, на 10 октомври во рамките на официјалната програма на 20. ИФАД „Стоби“, на сцената – „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, Велес, ќе се одигра и претставата „Бакхи: Агава“.
Претставата е работена според Еврипид и Тамара Барачков, a играат: Симона Спировска — Агава; Александар Михајловски — Пентеј, а актерите Григор Јовановски — Дионис, Марија Кеврекиду, Ана Марија Бутниок, Афродита Атанасопулу и Дарја Ризова се со снимени гласови.
Во претставата се користат и стиховите од песната „Мама е глагол од глаголот работи“ на Момчило Одаловиќ. Претставата е копродукциски проект меѓу: Перипетија продукција – Скопје, МНТ и Градски театар од Јанина, Грција.
Двете претстави се во режија на Нина Николиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.