Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во Прличевата одаја во четврток на 21 март во терминот од 10 до 13 часот ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата со настанот: „Напиши стих – купи кафе“ .

Тоа е наш обид  да ги натераме луѓето да бидат креативни, да размислуваат не само локално туку и глобално и за себе и за другите, на еден посебен начин. Оваа иницијатива е почната во 1999-та година, кога УНЕСКО во Париз го прогласи  21 Март за Светски ден на поезијата, а ние веќе петта година како Установа го организираме  настанот,  во Охрид, стои во информацијата од Библиотеката.

Најважно е да се дружиме, да сме  креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите. Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на Вашето присуство.  Во библиотеката ве чека парче хартија и топло кафе, а Вие понесете со себе куп емоции и желба да напишете сопствен стих или да цитирате нечија мисла, додаваат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.