Оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Сафи“ на кој како солисти ќе настапат македонскиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски и пијанистот Лука Чамаруги од Италија. Диригент е Виктор Митревски, а на програмата се увертирата од операта „Така прават сите“ и Концертот за пијано и оркестар бр. 18 од Волфганг Амадеус Моцарт, Соло песни за тенор и оркестар од Франц Шуберт и и песни од циклусот „Волшебната хорна на момчето“ од Густав Малер.
Комичната опера „Така прават сите“ од Вофганг Амадеус Моцарт првпат била изведена на 26 февруари 1790 година во „Бургтеатар“ во Виена. Либретото е на Лоренцо да Понте кој ја напишал приказната и за оперите „Свадбата на Фигаро“ и „Дон Џовани“.
Делот во насловот „сите“ се однесува на жените и најчесто во англискиот превод на оваа опера е „Жените се такви“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.