Актерите од МНТ кои подолго време не работат, а земаат плати, треба да разберат дека се дел од театарот. Ако не го сфатат тоа на нивно место ќе бидат примени млади актери. Ова во интервју за „Телма“ го кажа новиот в.д. директор на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски.
Тој во интервјуто зборува за неговите приоритети, МНТ да го направи театар со фокус на големата сцена и дека ученици ќе доаѓаат организирано да учат што е театар.
За најавеното отворање на летната сцена во септември, што ќе го носи името на починатиот актер Славиша Кајевски, Кимовски вели дека не може порано зашто театарот е на колективен одмор во август.
А, за потребата од санација на зградата на МНТ од протекувањата на дождови, в.д. директорот рече дека од новиот министер за култура и туризам добил ветување дека до крајот на годината ќе се обезбедат средства за поправка на објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.