Народен театар Битола вечерва во 20 часот ќе ја има својата трета премиера за оваа година. Се работи за претставата „На дното“ во режија на Ќендрим Ријани, а по текст на Максим Горки.

Во претставата играат: Никола Пројчевски, Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Александар Стефановски, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Стефан Спировски, Елена Моше, Марија Стефановска, Сандра Грибовска-Илиевска, Мартин Мирчевски, Валентина Грамосли, Маја Андоновска-Илијевски, Соња Ошавкова, Анастазиа Христовска и Александар Димитровски.

Ќендрим Ријани е еден од најпрогресивните театарски режисери на овие простори. Тој ја режираше претставата „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт во 2022, која на Битолскиот театар му донесе пет награди на 56. издание на фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

Инаку, сценографијата е на Валентин Светозарев, за костимите е здолжен Андреј Папаз Ѓорѓиевски, а за музиката Александар Димовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.