На барање на познатиот македонски сликар Илија Пенушлиски, неговото дело „Галичник“ е симнато од поставката во бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје и вратено во колекцијата на Ликовната колонија „Галичник“, објави Телма телевизија.

Воедно, бугарскиот културен центар, на инсистирање на Пенушлиски, го избриша и неговото име, кое беше на излогот меѓу повеќето македонски и бугарски уметници кои се дел од изложбата „Заедно“.  

Македонските дела во оваа поставка се сопственост на Ликовната колонија „Галичник“, која брои над 500 дела од меѓународно признати уметници од целиот свет. Новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје беа отворени под силно полициско обезбедување во присуство на министрите за култура на двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.