Денеска на пладне во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде промовирана книгата „Клиентот на Шекспир“ на Милош Латиновиќ на вториот фестивалски ден на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ кој почна синоќа со претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар (МНТ).
Латиновиќ е драмски писател, есеист, романописец, актуелен директор на „Битеф театар“.
Вечервата на официјалниот дел од програмата на Фестивалот е „My name is Goran Stefanovski“ Драмски театар од Скопје со почетокот во 19 часот . Режисер на претставата е Црногорецот Бранислав Миќуновиќ.
Во терминот од 22 часот, на сцената на својата матична сцена ќе игра ансамблот на прилепскиот театар со претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски. И оваа претстава е во официјална програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.