На 12.09, вторник, во, 19:30 часот, во Музејот на Град Скопје за прв пат ќе биде претставена уметничката група Шатакуа Скопје. Истоимениот проект, Chatautauqua – е сплет од аналогна фотографија, видео движења, објекти и музика.
Ќе ни биде задоволство ако присуствувате на мултимедијалниот настан што внимателно го развиваме прекутри години.
Составот на групата Шатакуа Скопје е непосреден, другарски и ненаметлив. Има 4 члена:Филип Куновски, сврзното ткиво на составот Дарко Поповски, што го знаеме како Плутос.Јулијан Мицевски, од екипата на Скопски Грув Андреј Татарчевски, на Татар 🙂 Филип е од Скопје и е во Прага во последите 9 години. Филип е дел од Прашкиот Кауч Колектив чии проекти LUCIDA и Facing Self беа прикажани во Прага во последните години. Во 2020-та заврши на отсекот – Фотографија и Нови Медии на ФАМУ [FAMU] во 2020-та. Дарко е исто така од Скопје, и во последниве 10тина години бил дел од музичките групи Его Диско и Плутос Даутс.
Андреј Татарчевски во Скопјево познат како Татар, дел од повеќе музички проекти меѓу кои Изечоци, A World to Taste и Cycle1.
Јулијан Мицевски, познат по групата Скопски Грув и член на бендот Lincoln Letter, неодамна промовираше втор албум во МКЦ.
Очекувајте високо – квалитетни аналогни принтови во невообичаени формати. Аналогните фотографии се печатени низ сложен процес во Кошице, СлСловачка, едно од ретките места во Европа каде што се развива и принта ваков тип на фотографија. Видето во проектот е поддршка, уште еден столб во изразот на овој колектив. Музиката, како и секогаш, е тука да ја оплемени целата приказна.
Инспирацијата доаѓа од култната „Зен и Уметноста на поправање мотори“ на Роберт М. Пирсиг, кој повикувајќи се на оние Шатакуи од 20тите години на минатиот век, кои патувале низ Америка и имале за цел да поучат и забава, нудејќи широка палета на различни уметнички дисциплини преку кои ја остварувале својата цел.
Затоа, нашата Шатакуа е „Повеќеслоен аудио – визуелен комплет што во основа е аудио сложувалка, попарена со видео фајлови, дообјаснета преку фотографии и пригодни објекти,вели Дарко Поповски
Повелете во МГС на 12.09 во 19:30 часот на отворањето на мултимедијалниот проект кој ќе трае до 24ти овој месец
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.