Вечерва во рамки на „Скопско лето“ ќе биде изведена монодрамата „Последната лента на Крап“ со актерот Ѓорѓи Јолевски. Претставата е од 20 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар во Скопје. Претставата е по текст на Семјуел Бекет, извршен продуцент е Никола Кимовски, драматург и преведувач е Владимир Јанчовски, а станува збор за копродукција помеѓу МНТ и „Перипетија продукција“.

Исто така денеска ќе се одржи концерт на хорот на Национална опера и балет, со почеток во 21 часот, под Ѕвездено небо, пред влезот пред Национална опера и балет.

Диригент е Јасмина Ѓорѓеска, а солисти: Невен Силјановски, Ана Ројдева, Никола Стојчески и Мартина Аврамовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.