Во петок, на 15 март 2024 година во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот ќе може да ја погледнете монобајката „Презимето на розата“ во изведба и режија на Оливера Балашевиќ.

Асистент на режисерот: Јелена Балашевиќ
Дизајнер на светло: Бранислав Агарски

 

„Презимето на розата“ е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планета двориште“. Низ очите на девојчето кое е пораснато покрај брегот на Бегеј, патот на сеќавањето води од детството полно со љубов, но лишено од привилегиите на нејзините врсници, до студентските денови во Нови Сад и љубовта, поезијата, семејството. „Презимето на розата“ е емотивна приказна за најважните вредности на животот, за времето што нè чека да го исполниме со спомени, за борбите и одлуките што не се лесни, но се неизбежни.

По претставата следи промоција на романот „Планета двориште“ и потпишување на книгите од страна на госпоѓа Балашевиќ, со пригоден коктел.

 

Билетите се пуштени во продажба преку онлајн системот www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.

Цената на билетот е 1.500,00 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.