Претставата со спонтан хумор „Кец на десетка”, по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, а во продукција на Македонскиот народен театар, по втор пат ќе гостува во Домот на културата „Антон Панов”, Струмица.

Во претставата во која играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Гачиќ-Деан и Ивица Димитријевиќ, од премиерната изведба во 2017 год. до денес има повеќе од 70 (седумдесет) изведби, а публиката по секоја изведба е освоена, задоволна и насмеана.

Изведбата е закажана за 18 октомври со почеток во 20 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.