Организиравме дигитална ликовна колонија во Крушево инспирирана од еден од најценетите претставници на македонското современо сликарство – Никола Мартиноски, соопшти Европската куќа-Скопје.
Во чест на неговото творештво, како и 120 години од раѓањето на Мартиноски,осум млади креативци под менторство на уметникот Зоран Кардула се приклучија на иницијативата да продуцираат дигитални решенија, оддавајќи почит на неговиот уметнички белег и културно наследство.
Живописното Крушево беше дополнителна креативна искра за дизајнерите кои поминаа 3 дена испреплетени со авантура и напорна работа. Наскоро, делата на младите дизајнери ќе бидат изложени на плоштадот “Никола Мартиноски” во Крушево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.