Младински културен центар (МКЦ) објави дека собрал 268.900 денари на саботниот настан за помош на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, во кој загинаа над 47.000 луѓе.

Настанот „МКЦ е солидарност!“ вклучи концерти, театарска претстава и аукција на 60-ина уметнички дела донирани од домашните автори, за кои почетна цена беше 3.000 денари. Во музичкиот дел настапија дуото Добрила и Дориан, „Крул“, Џенгиз Ибрахим, Зарина Првасевда, „Калата“, „Занаду“ и „Вагина корпорација“.

Сите собрани средства ќе бидат префрлени на посебно отворената сметка на Црвен крст на Град Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.