Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Мистика“, посветен на опусот на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.
Како што информираат од Филхармонија, на програмата се Интермецо „Il sogno“ од операта „Гуљелмо Ратклиф“, Интермецо од операта „Пријателот Фриц“ и музиката за филмот „Сатанска рапсодија“ кој во соработка со Кинотеката на Република Македонија паралелно ќе се прикажува во текот на изведбата. Диригент е Масимилијано Калди од Италија.
Пјетро Маскањи е италијански композитор и диригент (1863 – 1945). Иако напишал 14 опери, три оперети и повеќе вокални дела, кантати и соло песни, ниту една опера не го постигнала успехот што му го донела „Кавалерија Рустикана“, која извршила големо влијание на неговите современици.
Масимилијано Калди (Милано, 1967) е диригент со интернационална кариера на полето на симфониската музика, опера, оперета и балет, како и со својот фокус кон современата музика и повторното оживување на операта од 19 век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.