Вевчанскиот карневал не доставил апликација минатата година, а дека пред пандемијата, во 2019 и во 2020 година е поддржуван со по 1 100 000 денари, реагираат од Министерството за култура откако организаторот на Вевчанскиот карневал кажа дека оваа година не добиле финансиска поддршка од Министерството за култрура.

Во тек е одлучувањето по Годишните конкурси на Минстерството за култура, а резултатите ќе бидат објавени согласно законските норми, во рок од 45 дена по донесување на Буџетот. Во таа смисла неточни се изјавите од организатрите на манифестацијата Вевчански карневал дека Министерството за култура не ја поддржало манифестиацијата за оваа година.

Одлучувањето е во тек, и секакво мешање во работата на стручните комисии е притисок врз нивната високопрофесионална, незеависна работа, која се одвива согласно законските норми, велат од Министерството за култура.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.