На Јавен оглас за избор на директор на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид распишан од страна на Министерството за култура, министерот за култура за директор на Библиотеката со мандат од четири години го избра кандидатот Милчо Јованоски кој и досега беше вработен во оваа установа.
Министерот за култура врз основа на предлогот на Комисијата оцени дека Јованоски ги исполнува општите и посебните услови утврдени со огласот како и тоа дека поседува стручни и професионални квалификации за извршување на функцијата директор а доставената Програма за работа и развој на установата за периодот 2022 – 2026 година ја оцени како позитивна и со квалитетна развојна компонента.
Милчо Јованоски има завршено Филолошки факултет група македонски јазик и југословенска книжевност, магистер е по медиуми и комуникации а од неодамна го поседува и звањето виш библиотекар.
Зад себе има над три децениска кариера како новинар и публицист а бил и главен и одговорен уредник и директор на Радио Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.