Македонскиот поет, мислител и академик Ристо Василевски е добитник на нововостановената светска награда „Златен светски писател”.

Василевски за ова признание го номинираше Украинската академија за книжевност и уметност, чиј редовен член е тој. „Златен светски писател” е нова светска награда која ќе им се доделува на писателите од цел свет, чија креативност, енергија и благородност го прават светот подобар.

Признанието го востановија повеќе значајни меѓународни организации од САД, Германија, Англија, Франција, Италија, Шпанија, Украина, Кина, Индија и Јапонија, меѓу кои се и Pegasus Brücke International Center (Германија) и Radius International Art Center (САД).

Инаку, Василевски е познато име во светот на литературата. Неговите дела се преведени на над 25 светски јазици. Тој е добитник на голем број други светски значајни меѓународни награди.

Добитници на признанието „Златен светски писател” се и Ролан Сеисенбаев (Казахстан), Милан Грабал (Чешка), Михас Пазњаков (Беолорусија), Олена Ананиева (Германија), Абдукахор Косим (Таџикистан), Џејмс Тан (Кина), Михаил Блехман (Канада), Сантош Кумар Покхарел (Непал), д-р Ловелин П. Ејо (Нигерија), Мери Агреда (Еквадор), Марција Батиста Рамос (Бразил), д-р Н. К. Схарма (Индија), Тиан Ју (Кина), Ксанти Хондроу-Хил (Грција), Кав. Силвано Бортолаци (Италија), д-р Ашиш Малвија (Индија), Ана Мариа Мануел Роса (Аргентина), д-р Синтија Ешеме (Нигерија) и Сергиј и Тетјана Ѕуба (Украина).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.