Денеска (13 мај) од 19 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе гостува полскиот писател Војќех Јагелски. Разговорот ќе го води проф. д-р Лидија Танушевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а настанот се одржува по повод Месецот на полската литература.

Пред разговорот со Јагелски ќе се отвори изложбата на студентите кои учествуваа на конкурсот „Графика на годината“, организиран од Графичкиот факултет при Академијата за ликовни уметности во Краков.

На 16 мај ќе гостува Роксана Јенджејевска-Брубел. Оваа писателка за деца ќе одржи и креативна работилница во Одделот за литература за деца во библиотеката од 17 часот.

Гостувањето на полските автори е дел од проектот „Полска на полица“, во кој партнер на Амбасадата на Полска е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Настаните се со превод на македонски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.