На летната сцена на градскиот плоштад во Крива Паланка, вечерва, 14 август, со почеток во 20,00 часот, ќе се одржи Меѓународната поетска манифестација „Лирски треперења” која традиционално ја организира НУ Центар за култура од Крива Паланка.

Годинава, на поетската манифестација ќе настапат искусни и современи поети од Штип, Струмица, Скопје, Крива Паланка и Ќустендил, Бугарија, како и млади локални автори кои ќе ја збогатат лирската вечер исполнета со стихови и емоции“, велат организаторите.

Настанот е дел од програмата на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.