Во рамките на неделата на македонските автори, вечерва (петок) во 19 часот, „Матица македонска“ од Скопје ќе го промовира романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ од Филип Петровски. Со јазик прифатлив за широк круг на читатели, авторот пишува за новото време проткаено со чипови, замоци и скриени знаења, кои ја ткаат авантурата што претстои низ Бислим, Кокино и Кожуф.
Романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ е трето прозно остварување на младиот автор Филип Петровски (Куманово, 1993), а ќе го промовираат професорките Соња Тодоровска и Анита Цветковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.