Денес, со почеток во 12:30 часот во Аудиокултура ќе се заокружи првата двомесечна програма од концептот “Live at Audiokultura” со настапот во живо на бендот креиран од студентите на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев од Штип.

Соработката со музичката академија е проширување на постоечкиот концепт “Live at Audiokultura”, а со намера да посветиме значајно внимание и почит кон младите музички таленти за нивна дополнителна афирмација пред сериозна публика и во рамки на концепт кој постави високи стандарди за изведба на музика во живо.

 

Во насока на задржување и документирање на овие изведби, истите ќе бидат снимани и емитувани во живо (livestream) на социјални медиуми на Аудиокултура.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.